„Љубојна“ обновува уште една божикна песна

Од:

Традиционално и годинава се интензивираат активностите на Здружението „Бадникови поворки“, чија цел е да го подготви нашиот народ за достоинствено празнување на Христовото Раѓање – Божик. „Христос се роди денес“ е насловот на годинашнава каланда, односно божикна песна која потекнува од некогашна Смирна.

Како што соопшти Здружението, станува збор за стара песна од нашата православна традиција, која нашите повозрасни граѓани ја пееле на Бадник во попладневните часови. Најпрво децата од рано наутро со песната „Вечниот Бог“ или „Дева денес“ оделе од куќа на куќа и го најавувале Христовото Раѓање, за попладне тоа да го направат возрасните, токму со оваа песна „Христос се роди денес“. Од втората половина на 20-тиот век, традицијата на пеење на оваа песна згаснува, за оваа година, на иницијатива на отец Партениј од Бигорскиот манастир, одново да се врати и да го радува нашиот православен народ.

Песната во студио ја подготвуваат групата „Љубојна“ и традицискиот оддел при ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј“ – Скопје.

– За мене, оваа е втора година по ред, како сум дел од Бадниковите поворки, и втора година како заедно со целиот мој православен народ, свечено и достоинствено, низ цела манифестација на настани, се подготвуваме да го празнуваме „Христовото Раѓање – Божик. Особено сум почестена што токму јас како бренд на Љубојна и една поголема група прекрасни луѓе од традицискиот оддел при ДМБУЦ „Илија Николовски Луј“, го добивме благословот на отец Партениј од манастирот Св.Јован Бигорски, со чија што љубов и посебно чувство на естетика, се сплотивме и ја возобновивме оваа четврта каланда или коледарска песна која ќе остане за навек, а носи наслов „Христос се роди денес“, изјави Вера Милошевска од „Љубојна“.

Наскоро се очекува да излезе и спот за песната.

Би можело да ве интересира

Обичаи за вториот ден од Божиќ: Заблагодарете се на Богородица

А1он

Познати личности кои слават Божиќ на 7 јануари

А1он

Мицкоски во Божиќната честитка: Раѓањето на синот Божји ја симболизира надежта за подобро утре

А1он

Ковачевски со честитка за Божиќ: Раѓањето Христово е симбол за нов почеток, за нови можности што носат добро за сите!

А1он

Православните христијани го слават Христовото раѓање

А1он

(ВИДЕО) Зечевиќ за Божиќ: Симболот на раѓањето нова надеж, нека биде поттик за добри дела и нова можност за сегашните и идните генерации

Предраг Петровиќ