Литературен конкурс по повод „Вапцарови бранувања“ во Делчево

Од:

Во Делчево објавен литературниот конкурс за учество на манифестацијата „Вапцарови бранувања“.

Љупчо Петровски од литературната дејност при Центарот за култура информира дека тема на годинешниот конкурс е „Вапцаровите слободни стихови – мостови за разбирање“.

– Во чест на големиот поет и наш патрон , Никола Јонков – Вапцаров по кој нашата Националната установа – Центар за култура во Делчево го носи името и годинава ја продолжуваме традицијата „Вапцарови бранувања“. По тој повод распишавме литературен конкурс за поетски творби за ученици од четврто до деветто одделение. Се надеваме дека одбраната тема ќе го предизвика интересот на љубителите на пишаниот збор кои секогаш имаат што да кажат кога е поезијата и прозата во прашање, истакна Петровски.

Од Центарот за култура посочија дека личните творби за литературниот конкурс треба да бидат испратени најдоцна до недела 7 декември 2020 година.

– Конкурсот е отворен од денес и ќе трае до недела. Личните творби на учесниците треба да бидат отпечатени и со име и презиме пратени на официјалната страна и на е-адресата на НУЦК „Н.Ј.Вапцаров“, додаде Петровски.

Од Центарот за култура во Делчево потенцираа дека наградените творби ќе бидат соопштени на самото одржување на манифестацијата „Вапцарови бранувања“ која ќе се одржи по завршувањето на литературниот конкурс.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска