Литературен конкурс по повод 150-годишнината од раѓањето на великанот Гоце Делчев во Делчево

Од:

Библиотеката „Илинден“ од Делчево распиша литературен конкурс на тема „Гоце – наша ѕвезда водилка“. Конкурсот, како што информира директорката Билјана Петровска, е дел од соработката со Културно-уметничкото друштво „Гоце Делчев“ од Делчево, а по повод 150 години од раѓањето на великанот и патронот на градот, Гоце Делчев.

-По повод 150 години од раѓањето на Гоце Делчев – патронот на градот се распишува награден литературен конкурс на тема:„Гоце – наша ѕвезда водилка“. На конкурсот можат да се доставуваат литературни творби во проза или поезија. Право на учество имаат сите граѓани на општина Делчево и ученици од основните училишта и Средното општинско училиште, информира Петровска.

Напишаните литературни творби во проза или поезија, како што додаде, можат да се достават во ЈЛБ „Илинден“ Делчево со напишано име и презиме и контакт телефон, а исто така можат да ги достават и во електронска форма со напишано име, презиме и телефонски контакт на е-маил адреса: [email protected].

-Творбите ќе ги прегледува Комисија. Најдобрите литературни творби ќе бидат прогласени и прочитани на свечениот концерт во рамки на одбележувањето на 150 години од раѓањето на Гоце Делчев на 4 февруари 2022 година. Наградените учесници ќе добијат диплома и подарок, а наградените творби ќе бидат објавени на веб-страницата на општина Делчево, додаде Петровска.

Конкурсот ќе биде отворен до 31 јануари 2022 година.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска