„Литера“ – Прв фестивал за детска литература и илустрација

Од:

Омилените ликови од детските сликовници, дел од најдобрите илустратори и писатели за деца од Македонија и регионот, работилници за деца, дебата и невообичаени изложби ќе бидат дел од првиот Меѓународен фестивал за литература за деца и илустрација „Литера 2019“, кој ќе се одржи претстојниот викенд во Музејот на современа уметност во Скопје.

Според организаторите, во време кога мобилните телефони и таблетите ги заменија книгите во детските раце, на Скопје дефинитивно му е потребен еден ваков настан.

-Нашата идеја не е само да се промовираат најновите изданија за деца туку и да се поттикне дебата за значењето на литературата и илустрацијата во правилниот креативен и интелектуален развој на нашите деца. Токму затоа одлучивме да не организираме класичен саем на книга туку фестивал кој ќе понуди шаренило од интересни и корисни содржини и за децата, но и за возрасните, велат организаторите на „Литера 2019“.

Во рамките на двата фестивалски дена ќе се одржат повеќе креативни работилници за деца, менторирани од авторите Билјана Црвенковска, Елизабета Баковска, Маја Веселиновиќ, Ана Кадоиќ и Катерина Тери Николовска. Посетителите на „Литера“ ќе може да ја најдат и новата книга на Ване Костуранов, „Девојче и мече“. Настан кој, очекуваат да поттикне вистинска дебата во општеството е трибината за квалитетот на детската литература од аспект на содржината и прилагоденоста на возраста.

-Вистинскиот бисер на ЛИТЕРА 2019, настан кој кај многумина ќе предизвика носталгија и со кој барем за кусо ќе се вратиме во минатото е ретроспективната изложба на македонската илустрација до 1990 година. Публиката ќе има ретка можност да погледне дел од културното наследство односно илустрации кои ги красеа списанијата „Росица“, „Другарче“, „Развигор“ и „Наш свет“, како и голем број учебници и лектири од периодот пред 90-те години, наведуваат организаторите.

Третата изложба е на графички дела изработени од деца. Делата се работени на Графичката работилница за деца во Богданци.

Настанот е од отворен карактер и е бесплатен за сите посетители. Повеќе детали за програмата на „Литера 2019“ на официјалната веб страна на фестивалот www.literafestival.com. 

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска