Лилјана Пандева лауреат на наградата „Григор Прличев“ за најдобра поема за 2020 година

Од:

Поетесата Лилјана Пандева е автор на поемата „Капетаните“, избрана како најдобра на конкурсот за наградата „Григор Прличев“ за 2020 година што секоја година се доделува во чест на познатиот охридски поет и преродбеник.

Наградата ќе и биде врачена на манифестацијата “Прличеви беседи” што секоја година се одржува на почетокот на февруари кога се одбележува годишнината од смртта на големиот поет кој почина на 4 февруари 1893 година.

Прличев пред век и половина беше овенчан со Ловоров венец во Атина за неговата поема „Сердарот“.

„Прличевите беседи“ се одржуваат во организација на Центарот за култура и Библиотеката во Охрид што го носат неговото име, со поддршка од Министерството за култура на Република Македонија.

Лилјана Пандева е родена во 1964 година во струмичко Ново Село. Таа е дипломиран професор по македонска и јужнословенска книжевност и литература. Доктор е по филолошки науки.

Автор е на повеќе дела, меѓу кои „Новогодишни едночинки“, драмолети за деца во стих, поетската збирка „Љубов од А до Ш и обратно“, збирките раскази „Возовите на Луцерн“, „Канцеларсики колумни“, „Класифицирано“, романите „Од агендата на Калина Калин“, „Дневници на една љубов“, „Доилката“, добитник на наградата „Стале Попов“ на ДПМ, „Два Божика“, како и на поголем број научни трудови од областа на македонистиката и книжевната критика.Нејзините дела се преведени на повеќе странски јазици.

Би можело да ве интересира

Младата поетеса Ивана Јовановска ќе учествува на Саемот на книга во Лајпциг

Предраг Петровиќ

Трет Скопски поетски фестивал

Предраг Петровиќ

Промовирана стихозбирката „Ризница” од Мира Георгиевска

Реномираното меѓународно списание „Версвил“ објави тематски број „Поезија од Македонија“

Даниела Андоновска-Трајковска е добитник на романската награда за поезија „Михаи Еминеску“

Предраг Петровиќ

Промоција на стихозбирката „Куќа во куќа“ од Гордана Михаилова-Бошнакоска

Ана Ололовска