Лидија Димковска на „Денови на литературата од Југоисточна Европа“ во Цирих

Од:

Домот на литературата во Цирих, Швајцарија од 26 до 28 февруари го организира книжевниот фестивал „Денови на литературата од Југоисточна Европа“.

На фестивалот, покрај Драго Јанчар, Лана Басташиќ, Драган Великиќ, Луљета Лешенаку, Дамир Овчина, Ивана Сајко, ќе настапи и македонската писателка Лидија Димковска.

„Литературхаус“ од Цирих веќе шеста година е домаќин на фестивал посветен на литературата на некој регион или земја, а оваа година фокусот е ставен на Југоисточна Европа. Фестивалот ќе се одржи онлајн, а вклучува читања, панел дискусии и разговори меѓу избраните автори и нивните преведувачи и модератори. Разговорот со Димковска ќе го води Александер Зицмен кој е и преведувач на нејзината поезија и проза на германски јазик, а извадоци на германски ќе чита Клаудија Јан.

Би можело да ве интересира

Објавена монографија „Гордоста на Кавадарци“ од Тимчо Апостоловски

Ана Ололовска

Објавена монографијата „Дописниот шах во Македонија“

Ана Ололовска

Сликовницата „Три мали волчиња“ од грчки преведена на македонски јазик

Ана Ололовска

Романот за деца „Сенишната шума“ во издание на „Паблишер“

Ана Ололовска

Промоција на романот „Воскресение Experience патот на духот“ од Мирче Нешовски

Ана Ололовска

„Книжевноста и дните“ од Гојко Божовиќ на македонски јазик

Ана Ололовска