„Либертанго“ – приказна за љубовта, страста, силните емоции

Од:

Маестрален настап на фестивалот „Охридско лето“ синоќа приреди Националната Опера и Балет на Република Северна Македонија поставувајќи ја балетската претстава „Либертанго“ на музиката на еден од најекспонираните претставници на тангото, Астор Пјацола.

Публиката се воодушеви од мајсторските изведби на Александра Мијалкова, Васил Чичијашвили, Марија Кичевска Шокаровска, Наташа Јосифовска, Саша Евтимова, Игор Веланоски, но и на сите уметници кои совршено владееја со сцената.

„Либертангото“ ја долови приказната за создавањето и патот на тангото на кое токму Пјацола му даде нови жанровски димензии и го доведе до совршенство.

Преку животниот пат на семејството Пјацола, приказната поставена на Долни Сарај предизвика силни емоции, ја донесе љубовта, страста,желбата, љубомората…

Кореографијата за балетската претстава „Либертанго“ ја работеше познатата италијанска кореографка и поранешна балерина, Сабрина Боско со асистентите-кореографи Горан Божинов и Олга Панго, а либретото за животна приказна на композиторот Пјацола и режијата се на Наташа Поплавска.

„Либертанго“ е една од најпопуларните танго-композиции на 20-от век.

Би можело да ве интересира

Поповиќ: Со одобрените 30 милиони денари од Министерството за култура ќе реализираме квалитетна програма

Музичка вечер на „Охридско лето“ со концертот на професионалниот мешан хор „Про Арс“

Вечер на Украина во рамките на „Охридско лето“ со пијанистот Алексеј Ботвинов

Црногорскиот виртуоз на виолина Роман Симовиќ на „Охридско лето“

На „Охридско лето“ пијано рецитал на Френк Дупре и претставата „Ана Каренина“ на Театарот од Нови Сад

Предраг Петровиќ

Полска вечер на „Охридско лето“ со концертот на гудачкото дуо Салвадор