„Лебедово езеро“ в петок во МОБ

Од:

Македонската опера и балет ја најави изведбата на безвременскиот балет „Лебедово езеро“ на 12 април, со почеток во 20 часот. Ода за моќта на љубовта!

„Класика која ја раскажува вечната борба помеѓу доброто и злото. Легендата за мистериозната лебед-жена е еден од најромантичните класични балети, и се карактеризира со многу елеганција, стил и хармонија. Со познатата, лирска мелодија на Чајковски, „Лебедово езеро“ ја отсликува трагичната љубов помеѓу принцезата Одета и принцот Зигфрид“.

Ова универзално и волшебно ремек-дело на љубов, измама и драма не смее да се пропушти. Во улогата на Одета/ Одилија настапува Марија Кичевска – Шокаровска, Принцот Зигфрид е Бобан Ковачевски и во улогата на Ротбарт е гостинот од Италија Давиде Буфоне.

Настапуваат солисти, балетскиот ансамбл и оркестарот на Македонската опера и балет. Диригент: Бисера Чадловска.

Ирена Пасариќ, национална првенка на Хрватска, ќе гостува во НУ МОБ каде што ќе ги држи задолжителните вежби на Балетот и пробите за престојните претстави „Лебедово езеро“.

Билетите се веќе пуштени во продажба на билетарницата на МОБ: 02 3118-451 и онлајн: www.mob.mk

Би можело да ве интересира

Василичарскиот концерт „Легенди“ утре и задутре во Националната опера и балет

Ана Ололовска

Премиера на операта „Скендербег“ на Фатос Лумани во НОБ

Ана Ололовска

Премиера на операта „Скендербег“ во Националната опера и балет

Ана Ололовска

Акустичен концерт на Љубојна на 22 декември во МОБ

Ана Ололовска

Јапонски грант за Националната опера и балет

Ана Ололовска

Премиера на обновената „Кармен“ со Ирена Кавкалеска во насловната улога

Ана Ололовска