„Лебедово езеро“ на 12 април во МОБ

Од:

Македонската опера и балет ја најавува изведбата на безвременскиот балет „Лебедово езеро“ на 12 април, со почеток во 20 часот.

Ода за моќта на љубовта!Класика која ја раскажува вечната борба помеѓу доброто и злото. Легендата за мистериозната лебед-жена е еден од најромантичните класични балети и се карактеризира со многу елеганција, стил и хармонија. Со познатата, лирска мелодија на Чајковски, „Лебедово езеро“ ја отсликува трагичната љубов помеѓу принцезата Одета и принцот Зигфрид.

Ова универзално и волшебно ремек-дело на љубов, измама и драма не смее да се пропушти.

Во улогата на Одета/ Одилија настапува Мими Поп Алексова-Атанасовскa, Принцот Зигфрид е Бобан Ковачевски и во улогата на Ротбарт е гостинот од Италија Давиде Буфоне.

Настапуваат солисти, балетскиот ансамбл и оркестарот на Македонската опера и балет. Диригент е Бисера Чадловска.

Ирена Пасариќ, национална првенка на Хрватска, ќе гостува во НУ МОБ каде што ќе ги држи задолжителните вежби на Балетот и пробите за претстојните претстави „Лебедово езеро“.

Билетите се веќе пуштени во продажба на билетарницата на МОБ: 02 3118-451 и онлајн: www.mob.mk

Би можело да ве интересира

Концерт „Легендите живеат вечно“ во Македонска Филхармонија

Предраг Петровиќ

Оперската претстава „Турандот“ од Џакомо Пучини во Национална опера и балет

Предраг Петровиќ

Пријавата за напад стигнала во МНТ, полицијата апелира на смиреност, евакуирани повеќе институции

Ландов

Полицијата го блокираше центарот на Скопје, неофицијално има дојава за бомба

Ландов

Гала оперски концерт и балет „Болеро“ в петок во НОБ

Ана Ололовска

Гала оперски концерт во НОБ

Ана Ололовска