Кумановскиот театар со „Телефонот на мртовецот“ утре ќе настапи на фестивалот „Ристо Шишков“

Од:

Кумановскиот театар утре ќе ја изведе претставата „Телефонот на мртовецот“ на дваесет и осмото издание на Фестивалот на камерен театар „Ристо Шишков“ во Струмица.

Како што информираа денеска надлежните од Центарот за култура „Трајко Прокопиев“, претставата ќе се игра на отворено, на летната сцена во паркот во Струмица, со почеток во 20:30 часот.

„Телефонот на мртовецот“ е во режија на Александар Ивановски, по текст на Сара Рул, а играат: Александра Пешевска, Горан Илиќ, Кети Дончевска Илиќ, Марко Трајковиќ, Владанка Димковска и Александра Михајловска. Сценографијата е на Крсто Богојевски, а изборот на костими на Александар Ивановски.

-Претставата зборува за семејство во кое на еден интересен начин се претставени нивните емоции, кои се изнесени на површина преку откривање на нивните карактери. Минималистичката сценографија комплетно се вклопува со она кое актерите го кажуваат и го изнесуваат на сцената, користејќи ја експресивноста на актерската игра преку своите емоции, информираше директорот на Центарот за култура Сашо Тодоровски.

Би можело да ве интересира

Светски ден на театарот, бесплатни претстави во Скопје

(ВИДЕО) Српски актер го прекина настапот поради жена која телефонираше: Немам нерви како коњ

Предраг Петровиќ

Во Битола премиера на театарската претстава „Вујко Вања“

Предраг Петровиќ

Актерот Јордан Симонов е лауреатот на 31. ФКТ „Ристо Шишков“

Почнува 31-то издание на Фестивалот на камерен театар „Ристо Шишков“

МНТ со „Лагата“ учествува на 31. издание на фестивалот „Ристо Шишков“