Кумановската библиотека набави 1.445 лектири за основци и средношколци

Од:

Кумановската библиотека „Тане Георгиевски“ ја заврши втората набавка на книги за тековната година, информираа денеска надлежните од установата. Библиотечниот фонд е зголемен за 1.445 книги или 86 наслови, лектири за учениците од основните и средните училишта.

– Набавени се сите изданија кои се воведени како нови според новата програма за лектири понудена од Министерството за образование, а дополнети се и останатите веќе постоечки наслови. Станува збор за лектири на македонски и албански јазик, изјави директорката на установата, Христина Алексовска.

Претходно библиотеката набави 319 наслови или 1.233 книги, најнови изданија на македонски, српски и албански јазик од белетристика и стручна литература, со што на читателите им беа достапни најнови изданија белетристика.

– Веќе работиме на разгледување понуди за третата набавка на книги на англиски јазик кои доста се барани во библиотеката и се надеваме на успешна реализација, а потоа следува набавка на литература на српски јазик кои ќе ги опфатат сите наслови кои ќе бидат промовирани на саемот во Р. Србија, изјави Алексовска.

До крајот на годината библиотеката ќе набави уште еднаш белетристика за да ги задоволи вкусовите на читателите од Куманово. Покрај, на македонски ќе биде набавена и белестристика на албански јазик.

Кумановската библиотека годинава ќе спроведе четири набавки на книги кои веднаш по обработката стануваат достапни за читателите, кои и покрај пандемијата, согласно мерките за заштита го користат богатиот фонд на библиотеката.

Би можело да ве интересира

Интерактивна работилница за гатанаките во Градската библиотека во Скопје

Ана Ололовска

,,Чествување на Ацо Шопов” во Скопската градска библиотека

Романот „Библиотекарката од Аушвиц“ од Антонио Итурбе објавен на македонски јазик

Мобилна библиотека ќе врти низ земјава, ќе им промовира читање и други вредности на граѓаните

Жарко Настоски

Битолската библиотека „Св.Климент Охридски“ го одбележува Светскиот ден на гласно читање

Ана Ололовска

„Совршеното дете“ од Лусинда Бери и „Еднаш и тогаш“ од Морис Глицман најчитани книги во библиотеката во Битола

Ана Ололовска