„Кршлива, скршена и други начини како да се стане цела“, англиско-хрватска збирка на стружанката Бистра Кумбароска

Од:

Во хрватскиот град Ѓаково излезе од печат двојачичната збирка поезија „Кршлива, скршена и други начини како да се остане цела“ на стружанката Бистра Кумбароска.

Збирката, поетесата му ја посвети на својот, неодамна починат татко, поетот Разме Кумбароски.

– „Кршлива, скршена и други начини како да се стане цела” е посветена на мојот татко Разме, кој секогаш ќе ме прави цела. Книгата е на хрватско-англиски јазик, се состои од три циклуси поезија, и е во издание на „Културниот круг“ Ѓаково, а преводот на хрватски го направи Жељка Босанац, истакна авторката.

Поезијата на Кумбароска, според критичарите, е меѓник и етимон, чии творечки темели ги допира имињата на светските бардови како: Вистан Хју Одн, виенскиот филозоф Лудвиг Витгенштајн, грациозната Вирџинија Вулф, Десанка Максимовиќ, Маја Ангелоу, Олга Токарчук…

Книгата е објавена во рамките на одбележувањето на 160 годишнината од печатењето на Зборникот на браќата Миладиновци, а е достапна и во електронско издание.

Кумбароска е родена во 1984 година во Струга. Во 2011 година ја објави својата прва збирка на макрдонски јазик „Ти не сакаш поезија“ и оттогаш учествува на речиси 150 меѓународни настани и фестивали.

Би можело да ве интересира

Младата поетеса Ивана Јовановска ќе учествува на Саемот на книга во Лајпциг

Предраг Петровиќ

Трет Скопски поетски фестивал

Предраг Петровиќ

Промовирана стихозбирката „Ризница” од Мира Георгиевска

Реномираното меѓународно списание „Версвил“ објави тематски број „Поезија од Македонија“

Даниела Андоновска-Трајковска е добитник на романската награда за поезија „Михаи Еминеску“

Предраг Петровиќ

Промоција на стихозбирката „Куќа во куќа“ од Гордана Михаилова-Бошнакоска

Ана Ололовска