Крива Паланка – Град на културата во 2013-та

Од:

Со промоција на новата археолошка поставка во Музејот на Крива Паланка, свечено почна 10-тото издание на манифестацијата „Град на културата“, епитет што годинава го носи Крива Паланка.
Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска на отворањето на изложбата изрази задоволство што Музејот на Крива Паланка, покрај историската и етнолошката, доби и археолошка поставка и со тоа ја заокружи целокупната музејска збирка.

– Археолошката поставка што ја промовираме денеска содржи над 150 археолошки предмети од праисторискиот, античкиот период, па се до средниот век, примероци карактеристични само за ова поднебје. Посетителите добиваат можност да видат уникатни наоди, македонски бронзи, ексклузивен накит, посребрени садови и монети. Оваа поставка ја доловува сликата за постоењето на овој град низ вековите и верувам дека таа ќе биде голема провокација за нашите граѓани, но и за посетителите од регионот и пошироко, истакна Канческа-Милевска.

Таа е уверена дека манифестацијата „Град на културата“, новата археолошка поставка и целокупната музејска збирка, како и поддршката на голем број настани и манифестации, ќе ја збогатат културата на локално ниво, ќе создадат услови за развој на културниот туризам и ќе го подвлечат значењето на градот Крива Паланка во културниот живот кај нас.

Граѓаните на Крива Паланка и сите љубители на културата и уметноста во текот на целата година, во рамките на манифестацијата „Град на културата“, ќе може да проследат повеќе од 180 настани – театарски претстави, концерти, изложби и многу други квалитетни содржини со кои ќе се поттикне соработката со другите општини и институциите од културата во Република Македонија.

Би можело да ве интересира

Француско-руска вечер со пијано и виолончело на „Охридско лето“, Ал Ди Меола на Антички

Емир Латифовиќ

Поради невреме во Охрид, концертот на Сандовал презакажан за вечер

Емир Латифовиќ

Меѓународен фестивал „Фолклорен Мост“ во Струга

Емир Латифовиќ

„Where Jazz Meets Clasical“ – концерт на „Скопско лето“

Емир Латифовиќ

„Три дена во септември“ доби награда за најдобра музика на фестивалот SEE a Paris

Предраг Петровиќ

Mакедонската култура на Фестивал на франкофонијата во Созопол

А1он