Крива Паланка годинава „Град на културата“

Од:

Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска денеска во локалната установа Музеј Крива Паланка ќе се обрати на свеченото отворање на десеттото по ред јубилејно издание на манифестацијата „Град на културата“.

Отворањето на манифестацијата ќе биде проследено со повеќе културни содржини, меѓу кои е и свечената промоција на постојаната археолошка   поставка во Градскиот музеј, по што концерт ќе одржи староградскиот ансамбл „Распеани Паланчани“, додека во фоајето на Центарот за култура ќе биде отворена и изложба на дела од меѓународната ликовна колонија „Св. Јоаким Осоговски“.

Во рамките на манифестацијата, во текот на целата година, пред граѓаните на Крива Паланка ќе бидат прикажани повеќе од 180 разновидни културни содржини од сите дејности.

Во реализацијата на активностите ќе учествуваат Центарот за култура од Крива Паланка, потоа општината Крива Паланка, воспитно-образовните институции од овој град, Градскиот музеј и невладини организации и здруженија на граѓани.

Би можело да ве интересира

Работниците контра министерката за култура: Зголемувањето на платите е два, а не 12 отсто

Орце Костов

Почина актерот Мустафа Јашар

Квинтетот на Симон Трпчески и оркестарот „Ајга“ со два концерти во Скопје

(ВИДЕО) Муамер Абедин, самоук музичар на повеќе од десет инструменти: Научив да свирам од велешката чалгија во која уживал и турскиот султан

Орце Костов

Костадиновска-Стојчевска објасни: Не финансираме фестивал во Косово, туку наши театри кои ќе учествуваат

А1он

Детска интерактивна музичка претстава „Операта на шумските животни“ во НОБ

Предраг Петровиќ