„Кожурец“ – филм за растењето и будењето, премиерно во Кинотека

Од:

Приказната за полнолетството и сексуалното будење „Кожурец“, на германската режисерка Леони Крипендорф, вечер во 20 часот ќе има премиерно прикажување во Кинотеката на Северна Македонија.

Протагонист во филмот е Нора, тивок набљудувач кој секогаш тагира на социјалните мрежи: на забавите, в училиште, на базен, на покривите и во апартманите. Заедно со постарата сестра и со пријателите „се шлаат“ по здодевниот пејзаж на стамбените блокови, набљудувајќи ги минувачите: девојчиња што сакаат да бидат витки и убави, момчиња што „тресат“ глупости само за да провоцираат или затоа што се вљубени. Сето тоа забележано со камерите на паметните телефони. Нора на посебен начин го набљудува светот околу неа, и кога ќе го запознае Роми ќе сфати зошто: музиката е во воздухот, телото на Нора се менува, а гасениците излегуваат од нивните кожурци. Филмот го бележи летото на промени кај Нора во Берлинската населба „Кројзберг“ кој всушност претставува микрокосмосот на Нора.

Како што информираат од дистрибутерот „Катавеј“ – Скопје, филмот е наменет за возрасна категорија над 12 години а дистрибуцијата е поддржана од Германскиот филмски фонд.

Филмот учествувал во официјалната програма на Берлинале 2020 година и бил номиниран за наградите „Сребрена мечка“ и „Теди“ во програмата наменета за младите гледачи (Generation 14plus). Учествувал и на фестивалите во Сао Паоло (Бразил), и Гвадалахара (Мексико).

Би можело да ве интересира

„Мојот последен здив“ – промоција на автобиографијата на Луис Буњуел во Кинотека

Ана Ололовска

„Кино за млади“ во Кинотеката

Недела на италијанската кенематографија во Кинотека

Ана Ололовска

Анимирани и филмови за тинејџери во Кинотеката

Ана Ололовска

Филмска вечер за деца и млади во Кинотеката

Ана Ололовска

Кратки експериментални филмови на петтата сесија на филмска училница во Кинотека

Ана Ололовска