Конкурс за текстови по повод 70-годишнината на литературното списание „Современост“

Од:

По повод 70 години од излегувањето на првиот број на списанието за литература, култура и уметност „Современост“ и 100-годишнината од раѓањето на големите дејци на македонската литература и науката за литература – Блаже Конески (1921-1993) и Коле Чашуле (1921-2009), списанието „Современост“ објави повик за прилози во вид на проза, поезија (најмалку 3 песни), есеи или научни статии тематски посветени на овие македонски културни фигури.

Великанот на македонската литература и долгогодишен соработник на списанието со свои редовни објави – Блаже Конески, бил и еден од уредниците на првото списание за литература „Нов ден“ (1945-1951), списание-претходник на „Современост“.

Првиот број на најстарото македонско книжевно списание бил во издание на Книгоиздателството „Кочо Рацин“, во редакција на Киро Хаџи Василев, Ацо Шопов и Коле Чашуле, а низ историјата од него дел биле и големите македонски писатели и книжевни теоретичари, како Димитар Митрев, Славко Јаневски, Васил Иљоски, Гане Тодоровски, Симон Дракул, Ташко Георгиевски, Владо Малески и други.

-Во знак на одбележување на 70-годишнината од постоењето на „Современост“, редакцијата на списанието ги охрабрува писателите, поетите, есеистите и професионалните истражувачи на делото на овие двајца, но и на другите творци поврзани со историјата на списанието да ги испратат своите прилози на е-адресата: [email protected] до крајот на месец август 2021 година, наведуваат од „Современост“ во објавата за повикот.

По нивното разгледување и редактирање, одобрените текстови ќе бидат застапени во некои од броевите на „Современост“ за 2021 година. 

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска