Конкурс за самостојна или групна изложба на млади уметници

Од:

Младинскиот културен центар објави конкурс за млади уметници за самостојна или групна изложба која ќе се реализира во втората половина на 2019 година.

Целта е да се промовираат млади ликовни автори, а право на учество имаат сите заинтересирани на возраст до 35 години. Кандидатите ќе ги избира комисија формирана од МКЦ и Град Скопје.

Конкурсот трае до 1 мај. Пријавите треба да се пратат на [email protected] со назнака: Конкурс за самостојна или групна изложба заедно со куса биографија, фотографии од делата (линк до профили на Инстаграм, Фејсбук или на интернет-страници на кои тие се претставени).

Планирани се осум изложби логистички поддржани од МКЦ, за кои ќе биде отпечатен и каталог. Средствата за проектот се обезбедени од Град Скопје.

Би можело да ве интересира

Ликовна работилница во Преспа

Ана Ололовска

Мултимедијалниот проект „1/2 Состојба“ утре ќе биде претставен во Њујорк

Ана Ололовска

Перформанс на пијанистот Мустафаоглу и уметникот Масин во Градски парк

Ана Ололовска

Меѓународна ликовна колонија во комплексот „Св. Пантелејмон“ во Горно Нерези

Ана Ололовска

Прилепски уметници гостуваат во Ниш

Ана Ололовска

Прва ликовна колонија во Домот на млади во Штип

Ана Ололовска