Конкурс за новосоздадени бајки за проектот „Современи бајки од Македонија“

Од:

Движењето за поддршка на креативноста Иво Лауренчиќ – „Браво Сине!“ во соработка со издавачката куќа „Арс Ламина“ денеска го објави конкурсот за новосоздадени бајки за проектот „Современи бајки од Македонија“. Конкурсот ќе трае до 17 август 2020 и може да се пријават сите автори кои сакаат да творат за најмладите.

Според условите на конкурсот, авторите треба да испратат текст со најмногу 6500 карактери или 1200 зборови што одговараат на три и пол страници во „Ворд“ (MS Word). Авторите треба да имаат предвид дека победничките бајки ќе се илустрираат, така што текстот треба да биде соодветен за натамошна креативна илустрација. Заинтересираните автори можат да конкурираат со своја автентична бајка или, пак, со креативна адаптација и прераскажување бајки од фолклорната традиција. Пристигнатите бајки на овој конкурс не смеат да бидат претходно објавувани.

Заинтересираните автори треба да ги пратат своите бајки на адресата [email protected] најдоцна до 17 август 2020, а конкурсот е објавен на www.bravosine.mkwww.arslamina.com и www.literatura.mk.  Поединечната награда за откуп на авторските права за една бајка ќе изнесува 25.000 денари. По завршување на конкурсот сите пристигнати текстови ќе бидат оценети, а до крајот на септември 2020 година ќе бидат објавени избраните бајки.

Новиот конкурс е дел од проектот „Современи бајки од Македонија“ што го реализираат Движењето за поддршка на креативноста Иво Лауренчиќ – „Браво Сине!“ и издавачката куќа „Арс Ламина“.  Претходно беа објавени изданијата „Бајки од Македонија“ и „Басни од Македонија“ и нивниот успех ги поттикна организаторите да го иницираат и овој проект чија цел е да им се создадат можности на авторите кои сакаат да пишуваат литература за деца и млади.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска