Конференција за популаризација на културното наследство во Скопје и Скопско

Од:

Културното наследство на Скопје и неговата околина е историски извор за слоевите различни цивилизации во минатото, но и потенцијал за туристичка промоција и економски развој во иднина. Неговото значење од повеќе аспекти беше актуализирано со научни трудови на конференција што денеска ја организираше Институтот за македонска литература во соработка со Град Скопје.

Директорката на Институтот за македонска литература Маја Јакимовска-Тошиќ истакна дека улогата на наследството кое порано се гледало во потесна смисла како симбол на национална гордост, се шири за да вклучи пошироки феномени – политички идеи, економски и туристички развој, општествена кохезија, културна разноликост.

-Културните добра сѐ повеќе се користат како ресурси за најразлични современи намени и промоции, кои освен историските и естетските функции на наследството земаат предвид и други функции, без разлика дали нив денес од научен аспект ги проследуваме како позитивни или како помалку позитивни, рече Јакимовска-Тошиќ. Затоа и целта на конференцијата што ја организираат, додаде таа, е да проговори за наследството од современи аспекти – популаризација, вклученост, одржливост, зачувување, иновација, туристичка промоција.

Посочи и дека културолошките студии од втор и трет циклус на нивниот Институт нудат специјализирани програмски содржини од областа на културното наследство и дека се одбранети магистерски и докторски трудови што ја третираат таа тема.

Директорката на Управата за заштита на културното наследство (УЗКН) Елеонора Петрова-Митевска рече дека во Скопје и Скопско има 121 заштитено културно добро во категоријата Споменици, четири заштитени добра се во категоријата Споменични целини (манастир „Св. Никола“ во село Љубанци, антички град Скупи, Старата скопска чаршија и црковен комплекс „Св. Димитрија“ во Скопје), како и пет во категоријата Археолошки локалитети – меѓу кои се урнатините на Маркови Кули на Горно Водно, локалитетот Пеленица во Драчево и локалитетот со остатоци од средновековен град Кожле меѓу Петровец и Катланово.

Многу национални институции поседуваат значајни репрезенти на заштитени културни добра, а од Скопје и Скопско има и заштитени нематеријални добра како, на пример, говорот од Скопска Црна Гора – значајно културно наследство заштитено во 2009 година.

– Работиме перманентно на прогласување на уште некои споменици од недвижното културно наследство како наследство од особено значење за Република Македонија, кои ќе ги додадеме на листата, рече Петрова-Митевска. Заедно со Град Скопје, УЗКН прави и проект за пристапност и туристичка промоција на Скопското Кале.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Муамер Абедин, самоук музичар на повеќе од десет инструменти: Научив да свирам од велешката чалгија во која уживал и турскиот султан

Орце Костов

Костадиновска-Стојчевска објасни: Не финансираме фестивал во Косово, туку наши театри кои ќе учествуваат

А1он

Детска интерактивна музичка претстава „Операта на шумските животни“ во НОБ

Предраг Петровиќ

Отворање на изложбата „Носиме уметност“

„Кавалерија рустикана“ од Пјетро Маскањи во НОБ

Во Битола премиера на театарската претстава „Вујко Вања“

Предраг Петровиќ