Концертот на Тони Китановски Трио ја става Битола на глобалната мапа на градови кои го одбележуваат Меѓународниот ден на џезот

Од:

Оваа година МКЦ – Битола по осми пат се вклучува во одбележувањето на Меѓународниот ден на џезот 30-и април со организирање на концерт на Тони Китановски Трио (Тони Китановски, гитара; Виктор Филиповски, тапани; Кирил Туфекчиевски, бас) во сабота, во кафе бар Порта Џез во Битола со почеток во 12.30 часот.

dobivaj vesti na viber

Тони Китановски е композитор кој свири гитара. Сметајќи дека како напреден инструменталист не му е во карактер да му биде кажано како да го свири својот инструмент, најдобар начин да ја усоврши гитарата е преку изучување на композиција. Благодарение на наградата Роберт Шер во форма на полна стипендија дипломира на престижниот Беркли колеџ. За време на студиите ја добива наградата Чарли Мингус за врвни музички достигнувања.

Композиција изучува под менторство на Грег Хопкинс и Херб Померој, специјални студии по композиција и аражирање со Денис Грило (ученик на Пол Хиндемит), посетува семинари по композиција на Ѓорѓи Лигети и Лучијано Берио на Конзерваторијумот на Нова Англија и на Харвард.

Покрај голем број композиции за џез состави автор е и на синфониски дела, музика за филм, театар, перформанс и современ танц.

Професор е по џез гитара и композиција.

На овој ден организатори на сите седум континенти, секоја година, по повод Меѓународниот ден на џезот презентираат неверојатен спектар на перформанси, едукативни програми и програми за информирање на заедницата.

Овој концерт по осми пат ја става Битола на глобалната мапа на градови кои го одбележуваат Меѓународниот ден на џезот и ги слават вредностите кои тој ги промовира. Битола ја ставаме на иста линија со светските метрополи кои имаат почит кон уметноста како начин на живот и извор на енергија не само за уметниците туку и за обичните граѓани.

Настанот се реализира со поддршка на Општина Битола и е дел од глобалната акција за прослава на Меѓународниот ден на џезот кој вклучува настапи и концерти во преку 100 земји во светот.

Овој ден ги сплотува нациите и општествата прославувајќи ја уметноста на џезот, потенцирајќи ја неговата важна улога во охрабрувањето на дијалогот меѓу културите и цивилизациите, промовирајќи го човековото достоинство.

Би можело да ве интересира

Светски познатиот пијанист Дејан Илијиќ и стипендист на Беркли настапува вечерва на „Крај Вардарот Џез“

Ана Ололовска

Почнува фестивалот „Крај Вардарот Џез“ во Македонска филхармонија

Ана Ололовска

Џез фестивалот „Крај Вардарот Џез“ во Македонска филхармонија

Ана Ололовска

Во недела започнува Фестивалот на џез, ворлд и современа музика во Велес

Горан Наумовски

Концерт на Младинскиот оркестар при ЦК „Трајко Прокопиев“ во КИЦ на РСМ во Софија

Ана Ололовска

Меѓународниот ден на џезот во Битола одбележан со концерт на Тони Китановски Трио

Ана Ололовска