Концертна промоција на ново издание од PMG Recordings

Од:

„Obscure Sounds of North FYROM“ е насловено 176 издание на PMG Recordings кое вечер од 21 часот во Младинскиот културен центар ќе има концертна промоција.

– „Obscure Sounds of North FYROM“ е збир нумери од повеќе музичари потпишани под колективот Brotherhood of Dadaм, а неколкумина ќе се претстават со материјал необјавен на изданиево.

Настапуваат: Константин Хаџи Коцев, $impo$quad, Cody M, Мики Вуковиќ, TATAR и Amplidyne Effect, соопшти МКЦ.

Во склоп на настанот во Галерија 2 (горно фоаје на МКЦ) ќе биде отворена групна изложба на ликовни ентузијасти и дипломирани на Факултетот за ликовна уметност. Влезот е бесплатен.

Би можело да ве интересира

Две нови изведби на перформансот „Мачката Елеонора“ во МКЦ

Предраг Петровиќ

Костадиновска Стојчевска: Да се одложат одредени проекти во МКЦ додека да се реши статусот на хонорарците

Синдикатот на МКЦ бара надлежните институции да најдат решение за хонорарно ангажираните лица

Горан Наумовски

Отворање на изложба „Кобалт Синергија“ во МКЦ

Горан Наумовски

Бени Шаќири нов директор на МКЦ

VILLAGERS OF IOANNINA CITY за прв пат во Скопје