Концертна промоција на новиот албум на Џијан Емин

Од:

Во Филхармонија на Република Северна Македонија вечер со почеток од 20 часот ќе се одржи концертната промоција на првенчето на „ZJM Records“, новиот албум на матичниот диригент на „ЗЏМ Биг Бенд“, оркестратор, композитор и мулти-инструменталист, маестро Џијан Емин.

Оркестарот кој ќе изведе авторски композиции на Џијан Емин, е составен од членови на „ЗЏМ Биг Бенд“ Оркестарот и гудачи од Македонската Филхармонија.

Џијан Емин е еден од водечките современи музичари во Македонија и регионот, кој се здобива со голема репутација низ целиот свет поради соработката со повеќе светски познати музичари.

Тој е сеопфатен музичар со големо музичко искуство и долгогодишна кариера – од главен хорнист во Македонската филхармонија, до вешт изведувач на импровизирана музика или џез. Од диригирање на меѓународни оркестри до компонирање и аранжирање партитури за филм и театар, до свирење гитара или тастатури со рок групи, до продуцирање албуми, а се јавува и како уметнички директор на фестивали.

Би можело да ве интересира

Концертна промоција на албумот Dzijan Emin & The Magical Orchestra во Филхармонијата

Ана Ололовска

Dzijan Emin & Magical Orchestra – Live in Ohrid – првиот албум на ЗЏМ Рекордс

Ана Ололовска

Џијан Емин со фантастичен настап во Нови Сад со проектот „La Vie En Rose“

Ана Ололовска