„Концерт во изолација“ на Дино Имери

Од:

Во Музејот на македонската борба вечер, во 18:00 часот, ќе настапи македонски пијанист Дино Имери. Настапот во живо под наслов „Концерт во изолација“ ќе содржи изведби на дела од Бетовен, Брамс, Дебиси, Рахмањинов и други.

Концертот ќе се одвива во салата на Музејот, а публиката ќе може да го проследи во живо преку профилот на Музејот на социјалната мрежа фејсбук.

Дино Имери (1990) е еден од најреномираните македонски пијанисти. Настапувал со огромен успех со Стразбуршката филхармонија, Софиската филхармонија, Филхармонијата на Република Северна Македонија, Симфонискиот и камерен оркестар на ФМУ, Националната опера и балет, Камерениот оркестар на музичка младина на Македонија.

Рецитално настапувал на престижни сцени низ цела Европа меѓу кои и „Ватрослав Лисински“ – Загреб, Палата „Естерхази“ и „Лист-Центрум“ во Австрија, „Пијано Плаж Фестивал“ во Франција, Фестивалот „Охридско лето“, „Скопско лето“, „Интерфест“ – Битола и др.

Добитник е на голем број награди и признанија, а бележи и бројни домашни и меѓународни дискографски изданија. Од декември 2018 година се стекнува со звање доцент и предава повеќе предмети од областа на Камерна музика, Корепетиција и Пијано на Факултетот за музичка уметност во Скопје.

Би можело да ве интересира

АРЕА подготвени за акустичното, музичко уживање во Филхармонија

Концерт за сите љубители на класичната и фламенго музиката, со гости од САД и Полска

Квинтетот на Симон Трпчески и оркестарот „Ајга“ со два концерти во Скопје

(ВИДЕО) Бреговиќ со порака до македонската публика

А1он

„Бескрај“ – концерт со виолинистката Албена Данаилова

ВИДЕО: Ги мава со патика по глава, бараат уште-хрватската младина во транс, повици за забрана

Предраг Петровиќ