Концерт „Разновидна екстраваганција во музичката кошница“ на Божена Корчинска и Богдан Кожушко

Од:

Концерт „Разновидна екстраваганција во музичката кошница“ на Божена Корчинска и Богдан Кожушко во инструментален состав – украинска надолжна флејта и хармоника, ќе се одржи вечерва во Музејот на македонската борба.

Божена Корчинска е една од виртуозните изведувачи на надолжна флејта, наследничка на професионалната уметност на свирење на украинскиот кавал основана од нејзиниот татко во Украина, Мирослав Корчинскиј.

Соработува со бројни ансамбли и солисти. Дипломира на Лавовската национална музичка академија „М.Лисенко, М. Корчинскиј” и на Киевската национална музичка академија „П. Чајковски” на катедрата за древна музика.

Богдан Кожушко е роден во 1994 година, во моментов студира на Конзерваторијумот Лавов.

Концертот е во соработка со Амбасадата на Украина.

Би можело да ве интересира

44. издание на Скопско лето со преку 30 културни настани и богата програма ја одржува традицијата како еден од најдобрите фестивали за култура

Со концерт на Ори Даган завршува „Скопско лето“

Kонцерт на Киц Поп Хор на Скопско лето 2022

Претставата Во детската соба на ТДМ на „Скопско лето“

Отворање на Скопско лето 2022

Ана Ололовска

Староградски албански песни вечер на „Скопско лето“, фестивалот завршува утре со концертот „Вода“

Ана Ололовска