Концерт на учесниците на семинарот за виолина на Ана и Олег Кондратенко

Од:

Десет учесници на семинарот по виолина под водство на Ана и Олег Кондратенко  вечер ќе одржат концерт во Музеј на Град Скопје во рамки на фестивалот „Скопско лето“.

Тие ќе изведат дела од Вивалди, Шостакович, Крајслер, Бах, Глишиќ, Моцарт, Барток, Бетовен и Прокофјев.

Oд 2009 година Музичка младина на Македонија во континуитет го одржува возобновениот семинар по виолина под раководство на познатите педагози и концернтни музичари Ана и Олег Кондратенко. Мајсторската виолинистичка школа до пред две години се одржуваше во Охрид, а сега во Скопје.

Семинарите завршуваат со концерти на кои настапуваат млади музичари,  кои се на почеток на своето музичко образование, но и веќе оформени виолинисти кои го завршуваат  школувањето и ја презентираат македонската култура во Македонија и во странство.

На редовната програма „Летно кино“ во Кинотеката на Македонија вечер ќе биде прикажан филмот „Концерт“ на режисерот Раду Михаилеану, снимен во 2009 година.

Би можело да ве интересира

44. издание на Скопско лето со преку 30 културни настани и богата програма ја одржува традицијата како еден од најдобрите фестивали за култура

Со концерт на Ори Даган завршува „Скопско лето“

Kонцерт на Киц Поп Хор на Скопско лето 2022

Претставата Во детската соба на ТДМ на „Скопско лето“

Отворање на Скопско лето 2022

Ана Ололовска

Староградски албански песни вечер на „Скопско лето“, фестивалот завршува утре со концертот „Вода“

Ана Ололовска