Концерт на Триото „Долче“ вечерва во Скопје

Од:

Триото „Долче“, во состав Бранко Павловски – кларинет, Даниел Апостолов – фагот и Ема Потевска Поппивода – пијано, вечер ќе одржи концерт во Музејот на македонската борба, во рамки на „Есенски музички свечености 2021“.

На програмата се композиции од Михаил Глинка, Карл Гепфарт, Лудвиг ван Бетовен и Феликс Менделсон.

Бранко Павловски е македонски кларинетист со богата интернационална кариера и репутација. Тој дипломирал и магистрирал на Факултетот за музичка уметност во Скопје во класата на Проф. И. Кочаров. Се усовршувал на постдипломски студии на Државната музичка академија во Софија во класата на П. Радев, Академијата за музички уметности во Прага во класата на Ш. Коутњик, Националниот Конзерваториум во Версај, Париз во класата на Ф. Купер. Павловски докторирал на Факултетот за музичка уметност на Државниот универзитет на Луизијана во Батон Руж, САД, во класата на Р. Дилутис, каде работел како асистент по кларинет се до 2011 година. Во моментов Павловски е редовен професор по кларинет на Музичката Академија при УГД во Штип. Претходно во својата педагошка дејност бил наставник во ДМБУЦ „И. Николовски–Луј“ во Скопје.

Даниел Апостолов е фаготист со богата меѓународна кариера и реноме. Тој е вработен во Македонската филхармонија. Дипломирал на Факултетот за музичка уметност во Скопје на вокално-инструменталниот оддел – фагот со највисоката оценка 10 cum laude. Своето музичко усовшување го продолжува на постдипломски студии на Музичката академија во Љубљана. Во 2002 година во Вирцбург-Германија ги завршува и уметничките постдипломски студии кај познатиот фаготист проф. Албрехт Холдер.

Ема Потевска Поппивода е пијанистка со богата меѓународна кариера и вистински амбасадор на македонската култура во светот. За време на своите студии, таа има привилегија да учи со реномирани пијано педагози, меѓу кои: Стела Слејанска, Акилес дел Вињ, Вилијам Хауард, Борис Романов, Арбо Валдма, Рита Кинка. Во 2014 година, Попивода ги завршува докторските студии по пијано, под менторство на проф. С. Слејанска и проф. Д. Бужаровски.

Би можело да ве интересира

„Есенски музички вибрации 2021“ во Крива Паланка

Ана Ололовска

Концерт на Илза Бафтиари – виола и Шкељзен Бафтиари – пијано

Ана Ололовска

Концерт на мандолинскиот оркестар „Скопје“

Ана Ололовска

„Оперска ноќ“ со Полина Тасева вечер во Кичево

Ана Ололовска

Концерт на гудачки квартет во Дом на култура „Илинден“ во Демир Хисар

Ана Ололовска

Свечено затворање на „Златна лира“ 2021

Ана Ололовска