Концерт на трио „Принчипеле“ во Камерната сала на Филхармонија

Од:

Во вторник , на 1 ноември, во 20 часот во Камерната сала на Филхармонија, концерт ќе одржи трио „Принчипеле“.

На програмата се Голдберг варијации BWV 988 од Јохан Себастијан Бах, Квартет за обоа, виолина, виола и виолончело КВ 370 од Волфганг Амадеус Моцарт и Трио за виолина, виола, виолончело од Жан Крас.Во трио „Принчипеле“ свират виолинистката Ана Кондратенко, виолинистот Марко Виденовиќ и виолончелистот Паскал Краповски. Како гостин на концертот ќе настапи обоистот Владимир Лазаревски.

Ана Кондратенко е родена е во Новосибирск, Русија, каде што почнува да свири виолина на четиригодишна возраст. Таа е победник на многубројни серуски и меѓународни натпревари, меѓу кои се Ерденко и Мравински во Русија и Ј.Ниман во Германија. Пред две години, основаквартет „Филхармонија“ од членови на оркестарот на Македонската филхармонија со кои остварува настапи на домашни и на меѓународни фестивали. Моментно, работи како концерт-мајстор и солист во оркестарот на Македонската филхармонија и како концерт-мајстор и солист на оркестар на F.A.M.E.‘S Project во Скопје.

Марко Виденовиќ е роден е во 1980 година во Крушевац, Србија. Свој удел како композитор и аранжер имал во филмовите „Трето полувреме“ и „Балканот не е мртов“, како и комплетен автор на музиката што ја изведува „Мјузик прогресив квартет“.

Паскал Краповски својот уметнички израз активно го презентира на концертните подиуми низ Македонија и во странство. Професионалниот ангажман како водач-виолончелист при Македонската филхармонија му овозможува активно да се занимава и со камерното музицирање како член на триото „Парнасус“ и на Music Progressive Quartet. Покрај изведувачката дејност, активно се занимава со педагошка и со истражувачка дејност.

Владимир Лазаревски е роден е во 1979 година. Добитник е и на државни награди за обоа и камерна музика. Вработен е како прв обоист во Македонската филхармонија, а е ангажиран и како вонреден професор на Музичката академија при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип од неговото формирање во 2007 година. Исто така, член е на камерниот квартет „Мјузик прогресив“, на ансамбалот за современа музика „Контемпора“ и симфонискиот оркестар за филмска музика F.A.M.E.’S. Свири на сопствена обоа „Лаубин“, изработена од ружино дрво од легендарниот американски мајстор за обои Пол Лаубин.

Би можело да ве интересира

Настап на Дуња Иванова и концерт посветен на Кире Костов во изведба на Биг бендот на фестивалот „Крај Вардарот Џез“

АРЕА подготвени за акустичното, музичко уживање во Филхармонија

Концерт за сите љубители на класичната и фламенго музиката, со гости од САД и Полска

Квинтетот на Симон Трпчески и оркестарот „Ајга“ со два концерти во Скопје

(ВИДЕО) Бреговиќ со порака до македонската публика

А1он

„Бескрај“ – концерт со виолинистката Албена Данаилова