Концерт на Скопскиот дувачки квинтет во Софија

Од:

Скопскиот дувачки квинтет ќе одржи концерт во македонскиот Културно-информативен центар во Софија вечер од 18:30 часот, на кој ќе изведе дела од Моцарт, Фаркаш, Лјадов, Бизе, Д’Агостини и Смокварски.

Ќе бидат изведени и дела од музичарите Васил Атанасов (обоа), Марија Јакимовска (флејта), Ристо Ѓоревски (кларинет), Орце Ицковски (фагот) и Александар Гошев (хорна).

Скопскиот дувачки квинтет концертира четири децении, а од 2002 година е раководен од обоистот Васил Атанасов.

Овој камерен состав во текот на своето постоење изведува дела од светската ризница, како и дела од македонски автори, некои специјално напишани за овој ансамбл.

Би можело да ве интересира

Концерт на „Профундис“ И „13 Гудачи“ заедно со светски познатата Ирина Муресану

Ана Ололовска

Концерт на Македонски брас квартет во КИЦ на РСМ во Софија

Ана Ололовска

Концерт на Македонски Брас Квинтет во КИЦ на РСМ во Софија

Ана Ололовска

Концерт на пијанистот Арда Мустафаоглу во Италија

Ана Ололовска

Концерт на Трио Академико во КИЦ на РСМ во Софија

Ана Ололовска

Светски и македонски премиери на концертот на Дуо СолиПс и Богоромова Краповски

Ана Ололовска