Концерт на НОБ на свеченото затворање на 44. Денови на македонска музика

Од:

Фестивалот 44. Денови на македонска музика ќе биде затворен со гала концертот на солисти и оркестарот на Националната опера и балет, под диригентската палка на Иван Еминовиќ. Пред гала концертот на свеченото затворање ќе бидат доделени и наградите на СОКОМ.

Од СОКОМ информираат дека на гала концертот на солистите и оркестарот на Националната опера и балет публиката ќе има можност првпат, по последните изведби во 1955 година, да ја проследи увертирата од првата македонска опера „Гоце” од
композиторот Кирил Македонски.

На програмата се арии од најмаркантните творци на оперски дела, градитители на македонската музичка историја: Трајко Прокопиев со арии од операта „Разделба” која одбележува 50 години од создавањето, Кирил Македонски со монолог од операта „Цар Самуил”, Тома Прошев, композиторот кому СОКОМ му го одбележува јубилејот 90 години од раѓање, со арија од операта „Пајажина”, Академик Ристо Аврамовски со монолози од операта „Болен Дојчин“ и уште многу други.

Оваа година СОКОМ ќе ја додели единствено наградата „Георги Божиков”, која се доделува на музички уметници и ансамбли за континуирано, успешно изведување и промовирање на македонското музичко творештво, на дела од македонски композитори од различни генерации.

Добитник на наградата „Георги Божиков” за изведна на дело од македонски композитори во изминатата 2020 година е пијанистот Симон Трпчески.

Комисијата што го одреди добитникот беше во состав професор Стефанија Лешкова-Зеленковска, музиколог, Мирјана Павловска-Шулајковска, музиколог, и професор Валентина, Велковска-Трајановска, композитор.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Италијанското оперско пеење доби статус на културно наследство на УНЕСКО

Предраг Петровиќ

Оперската претстава „Турандот“ од Џакомо Пучини во Национална опера и балет

Предраг Петровиќ

Успешен настап на Националната опера и балет во Народниот театар во Белград со „Севилскиот берберин“

Ана Ололовска

Традиционален Гала оперски концерт по повод празникот „Василица“ 2023

Ана Ололовска

„Палјачи“ од Руџеро Леонкавало во Национална опера и балет

Во Националната опера и балет ќе се изведе операта „Кавалерија рустикана“ од Пјетро Маскањи

Горан Наумовски