Концерт на јапонско-хрватскиот уметник Томохиро Адачи во Охрид

Од:

Во организација на Националната установа „Охридско лето“, в сабота, на 14 септември, во црквата „Света Софија“ во Охрид, со почеток во 20 часот, концерт ќе одржи јапонско-хрватскиот пијанист Томохиро Адачи.

Томохиро Адачи дипломира на Академијата за музичка уметност на Универзитетот во Загреб, Хрватска, во 2007 година. Иако е млад уметник, зад него стои богата интернационална кариера во Европа, Австралија, но и во Источна Азија. Добитник е на многу награди на Интернационалниот музички натпревар „СЕИЛЕР“, на Меѓународниот музички натпревар „Јоханес Брамс“, на Интернационалниот натпревар за пијано „Камило Тоги“, на Меѓународниот натпревар за пијано „Антон Рубинштајн“, на Рома меѓународниот натпревар за пијано“ …

Адачи е основач на јапонско-хрватското музичко друштво во Токио и негов претседател, притоа, организирајќи бројни концерти со врвни музичари од цела Јапонија и странство, секогаш со една цел, воведување на хрватските мелодии и хрватската култура во Јапонија.

Како врвен музичар, и самиот тој изведува мелодии на хрватските композитори Дора Пејачевиќ, Божидар Кунц, Борис Папандопуло, Иво Јосиповиќ, Франко Параќ и други.

Од НУ „Охридско лето“ велат дека и годинава продолжува практиката, концерти на класична музика да се одржуваат не само во стандардниот фестивалски термин, од 12 јули до 20 август, туку и во текот на целата година, со цел, да се збогати културната понуда во градот и државата, но и да се презентираат исклучително добри уметници од светот на класичната музика.

Би можело да ве интересира

Дело на Трендафиловски на концерт на Европската алијанса на композитори во Брисел

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Салцбуршкиот фестивал прославува 100 години постоење

А1он

„Новогодишен концерт“ на Бафтиари, Мехмеди и Толај во Софија

Ана Ололовска

„БИ БИ СИ Мјузик магазин“ со максимални пет ѕвездички за новиот компакт диск на Трпчески

Ана Ололовска

Концерт „Градот на ѕвездите“ на новите музички надежи од Тетово

Ана Ололовска

Концерт на пијанистките Мимоза Ќека и Јована Трајчева

Ана Ололовска