Концерт на хрватскиот ансамбл Трио Јонген на Скопско лето

Од:

Хрватскиот ансамбл Трио Јонген вечер ќе настапи во Музеј на македонска борба, како дел од програмата на 42. издание на Скопско лето. Изведувачи на концертот се Рената Пенезиќ на флејта, Жарко Перишиќ на фагот и Марина Матолиќ на пијано.

– Триото е единствениот ансамбл на овие простори кој го негува транспарентното филигранско разиграно свирење музика во вистинскиот дух на француската школа за дувачки инструменти. Виртуози на своите инструменти, солисти во оркестри и професори на Музичката академија во Загреб ги соединија вештините и љубовта кон заемното свирење музика со цел да ѝ го претстават на публиката овој интересен спој на инструментите и боите, соопштија организаторите.

Програмата на Скопско лето за утре предвидува изложба на фотографии на Сашо Алушевски под наслов „Портрети на уметници“. Изложбата ќе се отвори во изложбениот салон на Културно информативниот центар

На Факултетот за драмски ликовни уметности – објектот Сули ан, пак, задутре, ќе се одржи концерт насловен „Киниса моме на вода“ на етно составот „Монистра“. Етно групата ја сочинуваат Габриела Јанушевска – вокал, Александар Јовевски – кавал, тамбура, гајда, тапан, Јован Стрезовски – тамбура, Филип Николовски – тамбура, Дарко Ничевски – клавијатури, Марјан Андоновски – тапан, тарабука, перкусии, Дамјан Зифовски – ударни инструменти, перкусии. Етно групата е формирана во 2002 година, а основач и музички лидер е Александар Јовевски. Групата свири македонска етно музика на изворни инструменти и ја негува неправилната ритмика по кој се препознава македонската песна и оро.

Би можело да ве интересира

44. издание на Скопско лето со преку 30 културни настани и богата програма ја одржува традицијата како еден од најдобрите фестивали за култура

Со концерт на Ори Даган завршува „Скопско лето“

Kонцерт на Киц Поп Хор на Скопско лето 2022

Претставата Во детската соба на ТДМ на „Скопско лето“

Отворање на Скопско лето 2022

Ана Ололовска

Староградски албански песни вечер на „Скопско лето“, фестивалот завршува утре со концертот „Вода“

Ана Ололовска