Концерт на хорот „Св. Злата Мегленска“ во Куршумли ан

Од:

„Глорија – концерт за душа“ е насловен концертот на Женскиот камерен хор „Св. Злата Мегленска“ со диригентката Летка Димовска-Полизова, кој во рамки на „Скопско лето“ ќе се одржи вечер од 20.30 часот во Куршумли ан.

Ќе настапат и камерниот гудачки состав „Пламенка Трајковска“, џез-триото: Иван Еминовиќ – пијано, Дејан Митровиќ – бас гитара и Матрина Баракоска – тапани и четворица вокални солисти: Катерина Стојановска, Мартина Аврамовска, Васил Гарванлиев и Јасмина Димитровска.

Концертот е насловен по „Глорија“ на Вивалди која е на програмата заедно со композиции од други автори на класична и на џез-музика.

Женскиот камерен хор „Св. Злата Мегленска“ е формиран во 1996 година при Македонската православна црква. Основач, диригент и уметнички раководител на хорот е Летка Димовска-олизова. Хорот е составен од 22 женски вокали, повеќето од нив млади академски образовани музичари и студенти на Факултетот за музичка уметност во Скопје и од други државни факултети во земјава.

Во 22 години концертна и фестивалска дејност, хорот „Св. Злата Мегленска“ има освоено награди и признанија во повеќе европски земји, како и во САД и Канада, и имал настапи во најпознатите катедрали во светот, концертни сали, оперски куќи, национални музеи.

Би можело да ве интересира

„Божиќен концерт“ во Офицерскиот дом во Битола

Ана Ололовска

Хорот и оркестарот на ООУ ,,Кузман Јосифовски – Питу од Скопје на Интернационалниот фестивал во Ричоне го освои првото место

Женскиот младински хор „Менада“ го одбележи јубилејот 40 години постоење

Празничен концерт на уметници од Хрватска во Битола

Ана Ололовска

Градскиот женски младински хор „Менада“ годинава бележи 40 години постоење

А1он

Μонашкиот хор при Бигорскиот манастир ќе учествува на Меѓународен фестивал во Атина

Ана Ололовска