Концерт на гудачкиот квартет „Молинари“ од Канада

Од:

Канадскиот музички центар при „Полифонија“ од Скопје, во соработка со Амбасадата на Канада од Белград, организира концерт на квартетот „Молинари“ од Монтреал, во рамки на одбележувањето на Канадските денови во нашата земја. Концертот ќе се одржи вечер од 20 часот во Камерната сала на Филхармонија.

– „Молинари“ е резидентен квартет на Конзерваториумот за музика во Монтреал – ансамбл со меѓународни признанија од јавноста и од критичарите. Уште од основањето во 1997 година си поставува задача да презентира музика од ХХ и ХI век напишана за гудачки квартет. Опишан е од критичарите како „суштински“ и „продуктивен“ ансамбл, дури и како „канадски одговор на Кронос или Ардити квартет“. Етаблирајки се како еден од водечките ансамбли на Канада, квартетот настапува на бројни концертни серии и фестивали низ Канада, Европа и Азија, соопшти Филхармонијата.

Во квартетот членуваат виолинистите Олга Ранзенхофен и Антоние Бареил, виолистот Фредерик Ламберт и виолончелистот Пјер-Алан Буврет.

Нивниот концерт во Скопје е поддржан од Амбасадата на Канада, Канадскиот совет за култура (Canadian Council for the Arts) и нашето Министерство за култура.

Би можело да ве интересира

Директорката на Филхармонија е разрешена затоа што несовесно ракува со државна институција и со државни пари, вели министерката за култура

Горан Наумовски

Вработените во Филхармонија протестираа пред Владата

Дваесет и втор Меѓународен натпревар на млади музичари „Охридски бисери“

Ана Ололовска

„Животот е убав“ – концерт на Филхармонијата во Градскиот парк

Ана Ололовска

Оркестарот на Филхармонија на 7. Меѓународен фестивал „Музички Едикт“ во Ниш

Ана Ололовска

Оркестарот на Филхармонија гостува во Ниш

Ана Ололовска