Концерт на гудачки квартет во Дом на култура „Илинден“ во Демир Хисар

Од:

Гудачкиот квартет – Пламенка Трајковска и Сандра Крстевска на виолина, Љубица Бошкоска на виола и Александра Јаневска на виолончело денеска ќе одржат концерт во Домот на културата „Илинден“ во Демир Хисар.

Концертот е со наслов „Блесок“ и на програмата се класични и македонски традиционални композиции во кросовер. Концертот е со модерни елементи, музичка подлога и ритам, кореографија и видео проекција.

Пламенка Трајковска – мали камерни состави годинава реализираа уште два концерти во Струмица и Крива Паланка, а самата Трајковска го реализираше и проектот Ехо – спој на звуци од природата во кањонот Матка, електронска музика и соло виолина.

Главната идеја на Пламенка Трајковска – мали камерни состави е доближување на класичната музика до најшироката публика и последните години доближување на класичната музика до децата. Изминатиот период тие реализираа многу концерти за деца како концертите Што е тоа гудачки квартет, Музика и цртан филм, Музика и танц. Пламенка Трајковска го објави единственото ЦД со класична музика за деца Карневал на животните од Камиј Сен Санс во аранжман за виолина и пијано.

Досега малите камерни состави реализирале бројни концерти кај нас на најважните манифестации Скопско лето, Бит фест, Петровденски ракувања, Велешко културно лето и многу други манифестации.

Концертот „Блесок“ се реализира со помош на Министерството за култура.

Би можело да ве интересира

„Есенски музички вибрации 2021“ во Крива Паланка

Ана Ололовска

Концерт на Илза Бафтиари – виола и Шкељзен Бафтиари – пијано

Ана Ололовска

Концерт на мандолинскиот оркестар „Скопје“

Ана Ололовска

Концерт на Триото „Долче“ вечерва во Скопје

Ана Ололовска

„Оперска ноќ“ со Полина Тасева вечер во Кичево

Ана Ололовска

Свечено затворање на „Златна лира“ 2021

Ана Ололовска