Концерт на Фоивос Девлиоријас вечер во МКЦ

Од:

Во рамки на Фестивалот на грчки филм и култура, еден од најпознатите грчки музички бендови во последните години, бендот на Фоивос Деливоријас, вечер ќе одржи концерт во Клуб ресторанот МКЦ. Тие имаат специјален репертоар за оваа прилика и ќе свират филмска музика од познати грчки филмови.

Покрај уникатната можност на едно место да се погледнат повеќе нови одбрани грчки филмови, на концертот на познатиот грчки музичар и текстописец ќе се изведе посебен перформанс пред скопската публика.

Публиката ќе има можност да ужива во неповторливата изведба на филмска музика од познати грчки филмови. Станува збор за песни кои се дел од Дасиновата „Фаедра“, „Ремпетико“ на Фери, Казановиот „Америка Америка“, „Јастог“ на Лантимос или од старите популарни грчки мјузикли и филмовите на Тео Ангелопулос, кои го водат слушателот на имагинарно патување во филмска индустрија, која патувала надвор од границите на Грција.

Би можело да ве интересира

Две нови изведби на перформансот „Мачката Елеонора“ во МКЦ

Предраг Петровиќ

Костадиновска Стојчевска: Да се одложат одредени проекти во МКЦ додека да се реши статусот на хонорарците

Синдикатот на МКЦ бара надлежните институции да најдат решение за хонорарно ангажираните лица

Горан Наумовски

Отворање на изложба „Кобалт Синергија“ во МКЦ

Горан Наумовски

Бени Шаќири нов директор на МКЦ

VILLAGERS OF IOANNINA CITY за прв пат во Скопје