Концерт на Амира Медуњанин во Кинотека

Од:

На летната сцена во Кинотеката во четврток, 22 јули, во рамки на серијалот „Концерти во Кинотека со Croatia Records“ ќе се емитува концертот на босанската пејачка Амира Медуњанин, одржан во пулската Арена на 3-ти август 2018 година.

На Арената, со Амира на сцена учествувале и музичарите Бошко Јовиќ – гитара, Анте Гело – гитара, Бојан Зулфикарпашиќ – клавир и Звонимир Шестак, контрабас, како и гостите, меѓу кои и македонскиот музичар Исмаил Лумановски – кларинет и Никола Стајиќ – електрична гитара.

-Програмата „Концерти во Кинотека со Croatia Records“ стартуваше на 1 јули, со концертот на Влатко Стефановски во „Лисински“, па продолжи со концертите на Јосипа Лисац и Раде Шербеџија, додека следниот четврток, 29 јули, ќе биде прикажан и последниот концерт од овој неформален серијал, инаку дел од богатата „BLU-RAY“ програма на дискографскиот гигант, кои, според сензибилитетот, одговараат на местото и на времето – станува збор за концертот на музичкиот волшебник „J.R. August: Live in Hrvatski Glazbeni Zavod“, соопштија од Кинотеката.

Како што посочуваат, доколку во четвртокот заврне, настанот од летната сцена на Кинотека се преселува во внатрешноста на оваа установа.

Би можело да ве интересира

„Мојот последен здив“ – промоција на автобиографијата на Луис Буњуел во Кинотека

Ана Ололовска

„Кино за млади“ во Кинотеката

Недела на италијанската кенематографија во Кинотека

Ана Ололовска

Анимирани и филмови за тинејџери во Кинотеката

Ана Ололовска

Филмска вечер за деца и млади во Кинотеката

Ана Ололовска

Кратки експериментални филмови на петтата сесија на филмска училница во Кинотека

Ана Ололовска