Концерт „Музички бисери за пијано“ со Даница Стојанова вечер во Струмица

Од:

Во НУЦК „Антон Панов“ концерт вечерва ќе одржи позната македонска пијанистка, Даница Стојанова. Настапот на Стојанова е во рамки на манифестацијата „Струмица-град на културата 2021“, а покрај неа како гости ќе настапат и младите виртуози на пијано-Бобан Мирковски, Нита Груби и Сара Кесковска.

Програмските содржини од „Струмица-град на културата 2021“ продолжуваат на 8 јули со „Вечер на еврејско-шпански песни“ со пијанистот Глигор Гелебешев и оперската певица Александра Костовска.

Истиот ден почнува Школата за кавали под менторство на Филип Ричлиев, која ќе трае до 12-ти овој месец.

До крајот на јули, организаторите планираат одржување на изложби, театарска претстава, музички настани, а на 23 јули треба да се одржи концерт на Ансамблот „Танец“.

Би можело да ве интересира

Солистички концерт на Илина Митревска во Софија

Ана Ололовска

Во Гевгелија концерт на дуото „Скупи“ со преработка на стари македонски песни

Ана Ололовска

Пијанистот Шкељзен Бафтијари настапи во Центарот за култура во Кичево

Ана Ололовска

Претседателот Пендаровски со сопругата присуствуваа на концерт на млади музичари од Музичко – балетскиот училишен центар „Илија Николовски – Луј“

Ана Ололовска

Во Велес одржан концерт на класична музика на ДУО Скупи

Ана Ололовска

Концерт „Слоеви на современоста – 30 години независност низ уметностите“

Ана Ололовска