Комеморативна седница за академик Ратко Јанев на 14 јануари во МАНУ

Од:

По повод смртта на академик Ратко Јанев во свечената сала на Македонската академија на науките и уметностите на 14. месецов ќе се одржи комеморативна седница.

Академик Јанев почина на 1 месецов во 81 година од животот. За член на МАНУ надвор од работниот состав е избран на 7 октомври 1988 година, а за редовен член на 16 октомври 2000 година.

Академик Ратко K. Јанев е роден 1939 година во Сандански, Бугарија. Дипломирал на Електротехничкиот факултет во Белград, специјализирал на Државниот универзитет во Ленинград, а докторирал на Природно-математичкиот факултет во Белград. Работел на Институтот за нуклеарни науки „Борис Кидрич” во Винча, а продолжил со работа на Институтот за физика во Белград. Предавал на ПМФ во Белград и на ПМФ во Скопје (1970 – 1973), а бил професор и на повеќе универзитети во Европа, Америка, Јапонија и во Кина. Соработувал со врвни светски истражувачки институции. Раководел со програмата на Меѓународната агенција за атомска енергија (Виена) за истражувањата во контролираната термонуклеарна фузија (1988 – 1999). Објавил над 300 научни трудови, а автор или коавтор е на 7 монографии и 27 ревијални статии.

Бил член на Советот за електронски и атомски судири на Европското физичко општество (1993 – 1997), како и на научни комитети на бројни меѓународни конференции. Заедно со проф. А. Далгарно ја иницира Меѓународната конференција за атомски и молекуларни податоци и нивната примена (1998). Добил Homage oд Слободниот универзитет на Брисел (1979). Беше член на Joint Institute for Laboratory Astrophysics, Боулдер, САД (од 1982).

Добитник е на престижната Хумболтова награда за истражувања во контролираната термонуклеарна фузија (2004).

Би можело да ве интересира

Почина академик Јордан Поп-Јорданов

Горан Наумовски

Попов: МАНУ има капацитет да ѝ помогне на државата во справувањето со тешките општествени појави

Горан Наумовски

Меџити: Со новата медицинска опрема во МАНУ резултатите готови за еден ден

Академик Живко Попов нов претседател на МАНУ

Промоција на монографијата „Газанфер Бајрам“

Ана Ололовска

Сè уште трае штрајкот на вработените во Секретаријатот и во стручните единици на МАНУ

Ана Ололовска