„Кога дрвјата паѓаат“ премиерно на Берлинале

Од:

Дебитантскиот филм на Марисја Никитук, копродукција помеѓу Украина, Полска и Македонија, денеска ќе има светска премиера на филмскиот фестивал во Берлин во програмата „Панорама“.

– Оваа година овој филм е единствено учество на Република Македонија на престижното Берлинале. Од македонска страна во неговото создавње учествуваа монтажерот Блаже Дулев, Александар Пејовски е ко-композитор, а супервизор и креатор на визуелни ефекти е Крсте Господиновски со цел тим артисти за 3Д и визуелни ефекти, соопшти Фокус ин, македонскиот продуцент на филмот.

Во текот на фестивалот филмот ќе има пет проекции и две затворени проекции за филмските професионалци и ќе се натпреварува за неколку награди – за најдобар прв игран филм (50.000 евра), награда на публиката на „Панорама“, награда CICAE Art Cinema, награда Peace Film, награда на Heiner Carow, награда на Екуменското жири и за етикета на Еуропа синемас (Label Europa Cinemas).

Филмот доби финансиска поддршка од Украинската државна агенција за филм, од Полскиот филмски институт и од Агенцијата за филм на Република Македонија.

Би можело да ве интересира

Берлиналето ќе биде отворено со филм со Изабел Аџани

Ана Ололовска

Сара Климоска од Берлиенале се враќа со наградата за Европски актер во подем за 2021

Ана Ололовска

Македонската копродукција „Малмкрог“ со награда на Берлинале

Ана Ололовска

Филмот „Благодарение на Бога“ пред можна забрана за прикажување во Франција

Ана Ололовска

Благој Веселинов ја прими наградата од „Шутинг старс“ на Берлинскиот филмски фестивал

Ана Ололовска

Берлинале: Приказната за штипјанката што скокна по крстот ја возбуди филмската критика

Ана Ололовска