Книжевна вечер со Димковска во Домот на Роберт Музил во Клагенфурт

Од:

На покана на Институтот за литература „Роберт Музил“ при Универзитетот во Клагенфурт, Австрија, синоќа, во Меморијалниот дом на големиот австриски писател Роберт Музил се одржа книжевна вечер со Лидија Димковска.

Пред публиката Димковска се претстави со избор од поезијата од поетската збирка „Чесна девојка“ во препев на германски на Александер Зицман, со нови препеви од поезијата објавени во последниот број на најугледното германско спсание за литература „Акценте“, како и со извадок од романот „Резервен живот“, исто така во превод на Александер Зицман.

Преводите на германски ги интерпретираше Едит Химелбауер, а разговорот со Димковска го водеше координаторот на институтот Фабјан Хафнер.

Би можело да ве интересира

Промоција на книгата „Творецот и сотворецот“ од Марија Гиревска

Ана Ололовска

Промоција на романот „Дневници на една љубов“ од Лилјана Пандева

Ана Ололовска

Авторска средба со Блаже Миневски во „Матица Ексклузив“

Ана Ололовска

Пиесата „Враќање дома“ на Османли објавена во „Балкански књижени гласник“

Ана Ололовска

Марина Мијаковска за „Коскена“ ќе ја прими плакетата „Даница Ручигај“

Ана Ололовска

„И на небо и на земја, нова книга на отец Милан Ѓорѓевиќ

Ана Ололовска

Leave a Comment

1 × one =