Книжевен разговор со хрватскиот писател Драго Гламузина

Од:

Во рамки на проектот „Читајќи го Балканот“, издавачката куќа „Готен“ вечер од 20 часот во Кино Култура организира разговор со хрватскиот писател Драго Гламузина, кој овој месец е гостин на резиденцијалната програма за писатели и преведувачи на оваа издавачка куќа.

Драго Гламузина (Вргорац, 1967) дипломирал компаративна книжевност и филозофија на Филозофскиот факултет во Загреб. Работел како новинар, а сега е главен уредник во издавачката куќа „Ве-бе-зе“ од Загреб.

Пишува поезија и проза. На македонски јазик му се преведени четири книги: збирките поезија „Месари“, „Тоа ли е сè“, „Еверест“ и романот „Три“. За збирката „Месари“ ја добил наградата „Владимир Назор“ и „Квирин“, а за романот „Три“ – наградата на „Т-портал“ за најдобар хрватски роман во 2008 година.

Проектот „Читајќи го Балканот“ се реализира со поддршка на програмата „Креативна Европа“ на Европската Унија и на европската мрежа за превод и книги „Традуки“.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска