Книгата „Клуб на обожаватели“ од Горан Трибусон преведена на македонски јазик

Од:

Во рамки на проектот „Читаме заедно! (United we read!)“, издавачката куќа „Антолог“ ја објави книгата „Клуб на обожаватели“ од хрватскиот писател Горан Трибусон.

Содржи четири раскази кои раскажуваат неколку необични судбини, смешни и полни со пресврти, судбини за неколку веќе средовечни другари од приградската населба Плинара.

– Со својот однос кон минатото и зборувањето за сегашноста, „Клуб на обожаватели“ потсетува на најдобрите страници на Трибусон, авторот што со своето чувство за доловување на стварноста и живописноста на дијалозите ги исполнува централните простори на хрватската проза свртена кон секојдневјето, соопшти „Антолог“.

Горан Трибусон (1948) магистрирал филмологија. Работел како уредник во „Школска книга“. Редовен професор е по филмско сценарио. Пишува телевизиски и филмски сценарија. Член е на Хрватската академија на науките и уметностите.

Критичарите го декларираат како еден од најважните претставници од генерацијата на борхесовците. Неговите романи се автобиографски и генерациски, со елементи од популарната култура и од митологијата на секојдневјето.

Од хрватски на македонски книгата ја преведе Владимир Јанковски. Објавена е со поддршка на програмата „Креативна Европа“ на Европската Унија.

Би можело да ве интересира

„Разговори со Конески“ од Цане Андреевски во издание на „Матица македонска“

Ана Ололовска

Романот „Амбасади“ на Луан Старова објавен на бугарски јазик

Ана Ололовска

Нов број на списанието „Македоника“

Ана Ололовска

Промоција на книгата „Мое виножито“ од Даниела Ангелова – Прнарова

Ана Ололовска

Промоција на „Порој од пепел“ од Исток Улчар

Ана Ололовска

Романот „Круг“ од Димитар Башевски објавен во Софија

А1он