Книга за правната положба на Македонците во Кралството Југославија

Од:

„Македоника литера“ ја објави книгата „Правната положба на Македонците во Југославија“ од германскиот научник Карл Штруп, кој првпат ја објавил на француски јазик во 1929 година во Париз. Книгата од француски ја преведе Ирина Кроткова.

– Во книгата за Македонија Штруп зборува за поделбата на Македонија и за бесправната позиција на Македонија во Кралството на Србите, Хрватите и Словенците и сугерира на Македонија да ѝ биде дадена барем регионална автономија во федеративна Југославија. Карл Штруп бара еманципација на Македонците, односно живот во рамките на една балканска федерација. Во оваа книга тој тврди дека Маке­дон­ците, со оглед на својата народност, религија и јазик, не се Срби, а тоа го докажува врз основа на извонредната презентација на историјата на Македонците од антиката па дотогаш, соопшти „Македоника литера“, наведувајќи дека според Штруп, македонскиот проблем е чисто национален проблем.

Во резимето, меѓу другото, Карл Штруп пишува: „…Припадниците на Југославија произлезени од Македонија, која стана српско-хрватско-словенечка, претставуваат, според малцинскиот договор од 19 септември 1919 година, етничко малцинство. Од објективна гледна точка тие се разликуваат најпрво по својата историја, која, често заедничка, никогаш не се конкретизира со едно интензивно чувство и секогаш претставуваше едноставна врска меѓу победници и победени, поточно положбата на македонските бегалци во Бугарија е истата како на борците на ВМРО во Југославија. Овие припадници се разликуваат според јазикот…“

„Правната положба на Македонците во Југославија“ содржи и 22 географски карти и една обемна компаративна табела со статистички податоци за населението во Македонија.

Карл Штруп е еден од неколкутемина германски научници што во првите децении на 20 век ја проучувале Македонија и, како резултат на таквите проучувања, зад себе оставиле научноистражувачки трудови.

Карл Штруп (1886, Гота – 1940, Париз) бил познат германски правник и стручњак за меѓународно право. Бил професор по јавно право на Универзитетот во Франкфурт на Мајна, придружен член на Институтот за меѓународно право, член на Меѓународната дипломатска академија, дописен член на американскиот Институт за меѓународно право, професор на Академијата за меѓународно право во Хаг, директор на Речникот за меѓународно јавно право и дипломатија, кодиректор на списанието за меѓународно право Reitschrift fur Volkerrecht, член на бирото на германското Здружение за правата на луѓето.

Автор е на неколку научни трудови за меѓународното право и дипломатијата и граѓанското право, меѓу кои најпознат од нив е „Документи за историјата на меѓународното право“ во пет тома (1923). Од 1923 до 1933 година е професор по меѓународно право во Франкфурт на Мајна, но прогонуван од нацистите бил принуден да избега од Германија и емигрирал во Истанбул, од каде пак, во 1935 година заминал во Франција.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска