Книга за најстарите културни традиции, писма и литератури

Од:

„По трагите на древните цивилизации“ е насловена книгата на Искра Тасевска Хаџи-Бошкова што ја објави „Македоника литера“, во која се синтетизирани разновидни проучувања кои се однесуваат на најстарите културни традиции, писма и литератури.

Книгата овозможува детален увид во специфичностите на одделните цивилизации, а посебно на древните литератури кои им припаѓаат на тие цивилизации. Во неа се опфатени месопотамската, египетската, индиската и хеленската цивилизација. Посебно се обработени најрепрезентативните книжевни дела кои им припаѓаат на тие цивилизации.

Во рецензијата на проф. д-р Венко Андоновски, која е објавена како поговор, пишува дека „книгата на Тасевска Хаџи-Бошкова е идеална хармонија на два пристапа: енциклопедискиот (кој подразбира акумулација и систематизација на научно проверени податоци, синхрониски и дијахрониски) и херменевтичкиот (интерпретација, односно толкување на книжевниот текст)“.

Искра Тасевска Хаџи-Бошкова е доктор на филолошки науки и работи како доцент на Катедрата за македонска книжевност и јужнословенски книжевности при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска