Книга за арс-поетичките компоненти во творештвото на Блаже Конески

Од:

„Арс-поетичките компоненти во творештвото на Блаже Конески“ е насловот на книгата студии од литературниот критичар, есеист и книжевен научник д-р Веле Смилевски. Книгата се појави во рамките на едицијата „Книжевни истражувања“ на издавачката куќа „Дијалог“ од Скопје, со рецензија на д-р Вера Стојчевска Антиќ.

Во првиот дел од книгата акцент се става на значењето на делото на Блаже Конески во развојните процеси на современата македонска литература.

-Со својот богат опус, како поет, раскажувач, есеист, книжевен историчар, лингвист и преведувач, Конески остави длабоки траги во повоениот развој на македонската литература, како и во областа на науката за книжевноста и лингвистиката. Без сомнение, тој е најблескавата творечка вертикала на македонската литература и култура во втората половина на 20 век, вели Смилевски.

Наредните поглавја од книгата се однесуваат на поетското и есеистичкото творештво на Блаже Конески при што предмет на истражување и толкување се изворната и посредната улога на арс-поетичките компоненти, феноменот на авторскиот коментар во песните, творештвото како естетички остварена идеја, правото на добрите мајстори и принципите на одбрана на поезијата.

Книгата „Арс-поетичките компоненти во творештвото на Блаже Конески“ од Веле Смилевски се појави во рамките на програмата на Министерството за култура со која 2021 е прогласена за Година на Блаже Конески, по повод 100-годишнината од неговото раѓање.

Би можело да ве интересира

Промоција на книгата „Прилози за историјата на социолошката методологија“ од Петре Т. Георгиевски

Ана Ололовска

Промоција на збирката есеи „Интелектуалци, политика, култура“од Данило Коцевски

Ана Ололовска

Промовирана книгата „Скопски разговори” од Свето Стаменов и Милан Јазбец

Ана Ололовска

Промоција на книгата „Скопски разговори“ од Свето Стаменов и Милан Јазбец

Ана Ололовска

Откажана промоцијата на „Скопски разговори“ на Свето Стаменов и Милан Јазбец

Ана Ололовска

Промоција на „Скопски разговори“ на Свето Стаменов и Милан Јазбец

Ана Ололовска