Вечерва, Театар 007 во Универзалната сала ќе ја изведе комедијата „Ќелавата пејачка“ од Ежен Јонеско, адаптирана за новиот сценски простор на „Малата сцена“ во Универзлна сала.
-Претстава, која ќе Ве насмее и замисли за многу прашања.За „аспурдната реалност“ на денешното живеење, течењето на времето и неоставањето никаква трага и белег на нашето постоење, за изобилието од лицемерие и лажна учтивост, за квази херои и хероини, наводните друштвени „луѓе“ кои „умираат од досада“ кога си со нив, велат од Театарот 007.
Режијата е на Игор Ивковиќ, продуцент е Миодраг Костиќ, сценографијата е на Зоран Тошевски, костимите на Ивана Кнез., музиката на Ненад Тонкин. Во претставата играат: Анѓела Наумовска, Филип Кипровски, Јана Пауновска, Дарко Богески, Ава Хусеини, Фаик Мефаиловски.