Ќе се подига споменик на Горан Стефановски во Дебар Маало

Од:

Советот на Општина Центар денеска на 23-тата седница ја прифати иницијативата на МАНУ за поставување спомен-обележје на Горан Стефановски. Споменикот на познатиот драмски автор и член на МАНУ, кој почина на 27 ноември минатата година, ќе биде поставен на триаголниот парк во Дебар Маало, спроти ресторанот „Идадија“.

Општината соопшти дека заедно со семејството на Стефановски и со МАНУ ќе подигне спомен-обележје во вид на дрво и скулптура кое ќе ги потсетува центарци, скопјани и сите почитувачи на неговото дело. Дебар Маало е и местото на кое познатиот драматург му посвети и дел од својот книжевен опус.

-Постарите скопјани се сеќаваат дека на само 200 метри од ова паркче се наоѓаше семејната куќа на Горан Стефановски. Куќата на Стефановски во Дебар Маало била една од првите изградени таму во втората половина од 20-тите години на минатиот век, кога овој простор бил само ледина. Од оваа куќа потекнуваат и театарските режисери Ристо Стефановски (чичко на Горан) и Мирко Стефановски (татко на Горан), како и познатиот гитарист, братот на Горан, Влатко Стефановски. Симболиката на Дебар Маало и локацијата на идното спомен-обележје на писателот беше животно и духовно, а особено книжевно врзана со работата и животот на Горан Стефановски, соопшти Општина Центар.

Одлуката беше донесена откако советниците усвоија измена на Програмата за одбележување значајни настани, истакнати личности и маалски традиции со спомен-обележја во Центар.

Горан Стефановски (1952-2018) почина по кратко боледување на 66 години во Кентербери, Велика Британија. За дописен член на МАНУ беше избран во 2004 година, а беше и долгогодишен член на Македонскиот ПЕН Центар. Стефановски беше професор на Факултетот за драмски уметности и од 2000 година – професор на Универзитетот во Кент, Англија.

Би можело да ве интересира

Тестаменталната порака на Горан Стефановски ќе одекне низ светот преку нови преводи – активност на МСМЈЛК при УКИМ

Катерина Павлова-Николовска

Кристијан Нинески го фати крстот од Вардар во Скопје

(ВИДЕО) Вечерното возење на автопат и во Скопје е ризично: Тешка е прегледноста, а се вози и во спротивна насока

Кристијан Ландов

Скопје денеска деветти најзагаден град во светот

(ВИДЕО) Скопје за време на блокада: Од Ѓорче до Аеродром со велосипед за 30 минути, со автомобил за 50

Кристијан Ландов

Општина Центар затвори нелегално градилиште на булеварот „Никола Карев“