Киното во „Железничката зграда“ се отвора за јавни настани со фокус на културата

Од:

Во рамките на проектот „Активни простори на заедницата за граѓански промени“, Општина Центар во соработка со Заедницата на станари-сопственици на таканаречената Железничка зграда на улица „Борка Талевски“ број 26 и „Здружението за култура и уметност и Факултетот за работи што не се учат“ од Битола/Скопје го става во функција јавниот простор, некогашното кино кое се наоѓа во зградата.

Во таа насока денеска во Општина Центар трите страни потпишаа трипартитен договор со кој се регулирани обврските и активностите до и по конечно ставање во функција на просторот.

„Железничката зграда“ е редок градски пример кој во својата содржина има просторија која првенствено била наменета за жителите на зградата, а подоцна и за колективната јавност. Преку овој договоркој има за цел негување на културата и враќање на нејзината улога во колективното живеење, Општина Центар, меѓу другото,се обврзува да започне соработка со релевантни субјекти во насока на обезбедување на донации за целосна реконструкција на уникатниот изглед на зградата, уредување на просторот и негово целосно оспособување за непречено функционирање, а исто така, ќе даде и поддршка и препораки за користење на овој јавен простор.

Киното претставува квалитетен архитектонски јавен простор со површина од околу 150 м2 и висина од околу 7 м.

Архитектонските карактеристики на киното овозможуваат овој простор да служи за повеќенаменски културни активности кои би требало, пред сè, да служат во функција на локалната заедница.

За вистинските насоки на проектот „Активни простори на заедницата за граѓански промени“ кој го имплементира Факултет за работи што не се учат, а е поддржан од Проект на УСАИД за граѓанско учество, вечерва во 20 часот во дворот на зградата ќе се одржи дискусија со претставници на локална самоуправа, граѓански организации, индивидуални активисти и станари по што ќе следи музички перформанс со Мухамед Ибрахими.

Би можело да ве интересира

Работниците контра министерката за култура: Зголемувањето на платите е два, а не 12 отсто

Орце Костов

Почина актерот Мустафа Јашар

Квинтетот на Симон Трпчески и оркестарот „Ајга“ со два концерти во Скопје

(ВИДЕО) Муамер Абедин, самоук музичар на повеќе од десет инструменти: Научив да свирам од велешката чалгија во која уживал и турскиот султан

Орце Костов

Костадиновска-Стојчевска објасни: Не финансираме фестивал во Косово, туку наши театри кои ќе учествуваат

А1он

Детска интерактивна музичка претстава „Операта на шумските животни“ во НОБ

Предраг Петровиќ