Кинотеката ја почна втората сезона од проектот „Филмска училница“

Од:

Кинотеката вчера ја почна втората сезона на едукативниот проект „Филмска училница“ кој е поддржан од Министерството за култура и се состои од различни едукативни содржини, тематски групирани во десет сесии.

Како и минатата година, десетина ученици од средните училишта преку интерактивно-креативно учење, ќе се запознаат со националното аудиовизуелно културно наследство, ќе имаат можност да гледаат филмови од архивот на Кинотека, ќе учат како да размислуваат за едно филмско дело, ќе добијат основни познавања од филмската историја и од филмскиот јазик и да креираат кратки филмски етиди, инспирирани од богатата ризница на македонската кинематографија. Тие ќе се запознаат и со работата на Кинотеката, со различните дејности, како реставрација, дигитализација, филмско архивирање, филмска есеистика и критика, киноприкажување.

Проектот ќе се одвива секоја сабота во Кинотека и ќе трае 10 недели, а се реализира под водство на филмската и ТВ-режисерка Марија Џиџева.

– За годинашната сезона „Филмската училница“ планира и почеток на нов проект – „Филмска училница за наставници и професори“, па една од сесиите ќе им биде посветена ним. Планирана е и заедничка сесија на Филмската учлница со учениците и професорите во која филмот ќе биде разгледуван како уметност и како алатка во реализирањето на наставните содржини, информира Кинотеката.

Би можело да ве интересира

„Мојот последен здив“ – промоција на автобиографијата на Луис Буњуел во Кинотека

Ана Ололовска

„Кино за млади“ во Кинотеката

Недела на италијанската кенематографија во Кинотека

Ана Ололовска

Анимирани и филмови за тинејџери во Кинотеката

Ана Ололовска

Филмска вечер за деца и млади во Кинотеката

Ана Ололовска

Кратки експериментални филмови на петтата сесија на филмска училница во Кинотека

Ана Ололовска