КИЦ во Софија ќе учествува во одбележувањето на Европскиот ден на јазиците

Од:

Празникот прогласен од Советот на Европа и поддржан од Европската унија – Европскиот ден на јазиците, што се празнува на 6 декември, ќе биде одбележан денеска со манифестација во Софија, Бугарија во Националниот музеј „Земјата и луѓето“.

Како што информираат од Културно-информативниот центар на Република Северна Македонија во Софија, тие трета година по ред ќе учествуваат на оваа манифестација, која има за цел да го одбележи Европскиот ден на јазиците со разнородна програма за посетителите.

Посетителите ќе имаат можност да учествуваат во интерактивни игри со сложувалки и цртежи, крстозбори, блиц квизови, демонстративни бесплатни часови, „speak dating“. Освен можноста да бидат научени нови зборови на различни јазици, има предвидени и подароци за присутните.

На штандовите определени за 17 јазици, посетителите ќе имаат можност да научат интересни факти за европските јазици и идни културни настани и ќе имаат можност да поразговараат со претставници на различните културни центри на различни теми – музика, природа, култура, културно наследство. Штандот на КИЦ на РСМ во Софија ќе биде претставен од режисерот и актер Ѓорги Ѓоргиев – Антика со своја програма.

Настанот е иницијатива на мрежата на културните центри на земјите од Европската унија (EUNIC) и европската комисија, во организацја на: Британски совет, Чешки центар, Институт Сервантес, Европска комисија ГД „Писмени преводи“, Француски институт, Гете институт, Центар за развој на човечките ресурси, Унгарски културен институт, Италјански културен институт, Полски институт, Амбасадите на Австрија, Финска, Словачка, Шведска, Романија, Грузија, Норвешка, Данска и Хрватска, Институт за бугарски јазик при БАН, ОПТИМА, Португалски културен и јазичен центар, КИЦ на Република Северна Македонија во Софија и Руски културно-информативен центар, се наведува во соопштението од КИЦ во Софија.

Би можело да ве интересира

Работниците контра министерката за култура: Зголемувањето на платите е два, а не 12 отсто

Орце Костов

Почина актерот Мустафа Јашар

Квинтетот на Симон Трпчески и оркестарот „Ајга“ со два концерти во Скопје

(ВИДЕО) Муамер Абедин, самоук музичар на повеќе од десет инструменти: Научив да свирам од велешката чалгија во која уживал и турскиот султан

Орце Костов

Костадиновска-Стојчевска објасни: Не финансираме фестивал во Косово, туку наши театри кои ќе учествуваат

А1он

Детска интерактивна музичка претстава „Операта на шумските животни“ во НОБ

Предраг Петровиќ